Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОСВЕН АКО НЕ САКАТЕ НЕПРИЈАТНО ЖЕЖОК ЛЕТЕН ОДМОР, НЕ ДОАЃАЈТЕ НА УКРАИНСКИОТ КРИМ“ - Министерството за одбрана се исмева со руските туристи

„ОСВЕН АКО НЕ САКАТЕ НЕПРИЈАТНО ЖЕЖОК ЛЕТЕН ОДМОР, НЕ ДОАЃАЈТЕ НА УКРАИНСКИОТ КРИМ“ - Министерството за одбрана се исмева со руските туристи

Украина со видео ги исмеа руските туристи кои летуваат на Крим. Сатирично видео објавено од украинското Министерство за одбрана се однесува на експлозијата во руската база Саки на Крим.

Да потсетиме, во експлозијата беа уништени неколку руски авиони. Русија соопшти дека станува збор за експлозија на муниција, но не кажа што ја предизвикало експлозијата. Тие немаат потврдено никакви загуби. Од друга страна, Украина не ја презеде одговорноста за нападот.

„Мислам дека руските воени момци во оваа воздушна база го прекршија нивното многу едноставно добро познато правило: не пушете на опасни места“, рече Олексеј Резников, министер за одбрана на Украина.

Токму на тој колосек е и украинската најава. „Освен ако не сакаат непријатно топол летен одмор, ги советуваме нашите ценети руски гости да не го посетуваат украинскиот Крим. Бидејќи ниту една количина крема за сончање нема да ги заштити од опасните ефекти на пушењето во забранети области“, напишаа Украинците на Твитер заедно со Видео.

Фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести