Осумте најмоќни за 8-ми март: Жизел Бундхен
Бразилката Жизел Бундхен, според многу параметри го има најдоброто телово светот. Според Форбс таа е прогласена и за најбогата манекенка во историјата со заработени повеќе од 96 милиони фунти.
Родена е пред 32 години во Бразил. Таа е дел од првиот бран бразилски модели кој во деведесеттите се проби на светските модни писти.
Во јули 1999 година се појавува и на насловната страница за “Вог”. Овој момент се смета за пресвртница во модниот свет, бидејќи нејзината појава со насловот “Враќање на секси моделите” го означи крајот на ерата на “хероин шик” изгледот. Една година подоцна станува четврта манекенка која се појавила на насловната страница на магазинот “Ролинг стоун”, кога е прогласена и за најубава девојка на светот.
Од 2000 до 2006 година е дел од моделите на “Викторија сикрет”, а се појавува и како заштитно лице на многу познати брендови. Според многу критичари во тоа време, Бундхен е единствениот вистински супермодел.
Таа освен што заработи милиони шетајќи се по модните писти, направи и многу пари со својата линија на долна облека и обувки.
Богатството на убавата Жизел според проценките на експертите и понатаму ќе се зголемува, бидејќи нејзината модна линија е хит во светот. Компанијата Hope за која Жизел ја дизајнираше својата модна линија забележала 50 % пораст во продажбата, откако почнала да се продава нејзината долна облека.
Само минатата година, некогашниот ангел на Викторија Сикрет, заработила 30 милиони евра, а се очекува таа да стане и првата милијардерка помеѓу супермоделите.
Слично
