Осумте најмоќни за 8-ми март: Мишел Обама
Првата дама на САД многумина ја споредуваат со легендарната Џеки Кенеди. Голем дел од јавноста смета дека и вториот претседателски мандат Обама и го должи токму неа. Таа остава силен печат на неговиот имиџ во јавноста. Едноставно, не можете да не го забележите нејзинито присуство.
Мишел се стекна со јавната поддршка како прва дама уште во почетокот. Јавно се говореше за поддршката што ја доби и од воените семејства, но и од некои републиканци. Јавноста започна да се навикнува на неа, таа стана пример на прва дама во 21 век. Мишел Обама својот ореол на популарноста го градеше не само на САД, туку и низ целиот свет. Поради нејзината сеприсутност некои гледалаат позитивно врз нејзините законодавни активности, додека други велат дека таа треба да биде помалку вклучена во политиката.
Во мај 2006 година, нејзините квалитети се најдоа на листата на 25те најинспиративните жени во светот. " Во јули 2007 година" Vanity Fair ја стави на листата на 10 те најдобро облечени луѓе во светот. Била почесен гостин на Oprah Winfrey's Legends Ball , бал кој помогна да се отвори патот за Афроамериканските жени. Во септември 2007 година, рангирана е како 58ма на "Харвард" 100 ", листата на највлијателните на Харвард алумни. На оваа листа Обама е рангиран на 4тото место. Модните критичари постојано го фалат нејзиниот изглед, оценувајќи го како класичен и убедителен.
Мишел на јавноста и се престави и на темата- здравата исхрана со садење на првата зеленчукова градина во Белата куќа, откако Еленор Рузвелт служеше како Прва Дама.
Во прилог на нејзината моќ како прва дама зборува и нејзинито појавување на Оскарите 2013 кое беше вистинско изненадување за сите. Мишел Обама со специјално вклучување во Долби театарот во Лос Анџелес го прогласи победникот на овогодинешното доделување на наградите Оскар, Арго.
Слично
