Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осумте најмоќни за 8-ми март: Мариса Мејер

Осумте најмоќни за 8-ми март: Мариса Мејер
Таа е една од најмладите жени на листата со најмоќни жени на магазинот „Форбс“. 37годишната Мариса Мејер сега е прв човек на Јаху.  Своето образование го стекнала на Универзитет Стенфорд. Веднаш по нејзиното магистрирање по компјутерски науки во 1999 влегува во Гугл. Таа била 2отиот вработен човек во Гугл, но и првата жена-инженер која уште на стартот му се придружила на денес најголемиот интернет-пребарувач. Мариса од топ позицијата во Гугл  заминува кај конкурентот, Јаху. Го прифаќа предизвикот да стане главен извршен дирекотор на ривалот кој се соочува со проблеми. Технолошкиот свет во јули, лани беше изненаден од информацијата  дека таа го напушта Гугл, за да оди во Јаху. Мариса јавно изјави дека времето поминато во Гугл го смета за прекрасен период во нејзиниот живот. Во промената на нејзината работна позиција, која сите ги збуни,  видела само логичен тек на нејзиниот професионален развој. Поради тоа и својата одлука ја дефинира како лесна, но и многу логична. За себе пак вели дека е „geek“ - фанатик за компјутери. Нејзиното доаѓање во Јаху, уште веднаш се покажа како топ одлука за фирмата. Ова го покажаа и резултатите.  Првиот фискален квартал под водство на новата извршна директорка Мејер донесе двоцифрен раст на приходите. Сепак, оваа година вработените  во Јаху не ја оценија како добар шеф. Незадоволството од нејзиното присуство во екипата на Јаху започна да се шири. Главната причината беше тоа што Мариса Мајер, како генерален директор на Јаху, побара од вработените од јуни да доаѓаат на работа, наместо да работат од дома. „Кога работиме од дома, често губиме во брзината и квалитет“, истакнала Мариса во интерната порака до вработените. Ова предизвикало вистинска бура кај вработените. Гневот и незадоволството не се изненадување, посебно  затоа што многумина од нив се вработиле во компанијата токму  поради флексибилните услови за работа. 2012 за Мариса беше добра година, но каква ќе биде 2013 допрва ќе видиме.  Резултатите на Форбс сигурно ќе го покажат тоа.
Слично

Поврзани вести