Осумте најмоќни за 8-ми март: Мадона
Кралицата на поп музиката, легендарната Мадона (54) докажа зошто го носи прекарот- владетелка на светскиот музички трон. Американската пејачка го зазеде првото место на Билборд листата со 40 највисоко платени музичари во изминатата година. Пејачката лани заработила 34,6 милиони долари, од кои поголемиот дел (над 90 отсто) ги заработила благодарение на перформансите во склоп на светската турнеја „MDNA". Мадона на првото место на оваа листа беше и во 2008 година. Таа е воедно и единствената жена во топ десет музичките ѕвезди според заработката во изминатата година.
Модно списание „Вог“ во своето февруарско издание годинава собра десет жени од светот на музиката кои ја одбележиле 2012. Кралицата на поп-музиката Мадона беше прва, зад неа останаа Кристина Агилера и Бритни Спирс, потоа Лејди Гага, Мараја Кери и Шер, а потоа Бијонси, Ријана, Кети Пери и Џенифер Лопез.
Многумина сметаат дека нејзиното појавување на мегапопуларниот Супербол беше подобро од овогодинешното на Бијонсе. Настапот на Мадона во 2012 беше посетен од 112, 5 милиони обожаватели, додека Бијонсе ја следеле 104 милиони гледачи.
Мадона ја стекна својата слава и препознатливост поради нејзините иновативни музички спотови, изведби и често контроверзната употреба на сексуални и религиозни теми, како и сликовитост во нејзината работа. Таа има добиено бројни награди во нејзината кариера и има издадено многу албуми. Мадона се смета за една од најголемите музички икони во историјата, како и за секс симбол на денешницата.
Во 2000 година, Гинисовата Книга на Рекорди ја окарактеризира Мадона како најуспешната женска музичка уметничка на сите времиња, со отприлика 120 милиони продадени албуми. Варнер Брос, куќата која ги издава нејзините албуми, изјави дека во 2005 биле продадени преку 200 милиони плочи на Мадона. Во 2005, на манифестацијата Најголем Американец, американската публика ја изгласа Мадона за една од шеснаесетте најзначајни жени во американската историја.
Слично
