Осумте најмоќни за 8-ми март: Бијонсе
Музичката дива Бијонсе, веќе неколку години не се симнува од листата на најмоќните жени според Форбс.
Своето влијание и богатсво, кое и понатаму е во пораст, често го користи за да им помогне на оние кои немаат толку среќа во животот. Моќта на нејзината популарност може да се забележи и во фактот дека луѓето кои биле задоволни од нејзиниот настап на Бермудите, именувале булевар според неа во знак на благодарност.
Бијонсе ја отвора европската турнеја на 15 април во Белград, а вторпат ќе настапи во Загреб. Ќе посети 20 европски града, а ова и е прва турнеја во последните три години.
Нејзиниот документарен филм насловен „Life is But a Dream“ беше премиерно прикажан на мрежата HBO на 16-ти февруари, но набрзо се прошири и на интернет. Во филмот Бијонсе отворено зборува за сите аспекти од нејзиниот живот, започнувајќи од детството, па сè до мајчинството. Зборува за нејзиниот татко, за сопругот Џеј Зи, заќерката Блу Ајви, како и за музиката која е неизоставен дел од нејзиниот живот. Доби рекордна гледаност.
Слично
