Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осумте најмоќни за 8-ми март: Ангела Меркел

Осумте најмоќни за 8-ми март: Ангела Меркел

Една од најмоќните жени за многумина е канцеларката на Германија, Ангела Меркел.  Таа важи за симбол на модерната економија на државата.

Меркел по професија е  хемиски инженер, а во моментов е  речиси и на чело на цела Европа. На чело на германската влада стаса во 2005 та година, кога одлучи да се посвети на заздравувањето на економијата и да ја намали невработеноста.

Избирачите довербата и ја покажаа уште еднаш во 2009.

Како претставник на економски најсилната земја во ЕУ Ангела Меркел е најмоќната политичарка во Европа. Нејзиното инсистирање на остар курс на штедење и реформи предизвикува силни протести, особено во земјите од јужна Европа зафатени од криза.

Германската канцеларка, магазинот Форбс во 2011 ја прогласи за најмоќната жена на светот.

Слично

Поврзани вести