Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

Најмалку четириесет и пет лица загинаа во страшна несреќа што се случи вчера во Јужна Африка, додека само едно осумгодишно девојче преживеа.

Имено, девојчето била единствената која го преживеала падот на автобусот во провалија, откако возачот изгубил контрола и прво се судрил со бариерите на мостот во североисточната провинција Лимпопо, соопшти Министерството за транспорт.

Според извештаите, тој слетал на карпеста површина на околу 50 метри под мостот, познат како премин Маматлакала, пред пламенот да го зафати возилото.

Патничкиот автобус превезувал аџии од Боцвана, земја во јужна Африка, до Морија, град во Лимпопо, на црковни служби за Велигденскиот викенд.

- Спасувачките операции продолжија до доцна вечерта, бидејќи некои тела изгореа до непрепознатливост, а други беа заробени во урнатините и расфрлани на лице место - соопштија од Одделот за транспорт во Лимпопо.

Автобусот бил со боцвански регистарски таблички, соопштија локалните власти, но националноста на патниците сè уште се проверува.

На социјалните мрежи се пренесува дека бројот на загинати може и да достигнува 60 лица.

Неколку часа пред несреќата апелираа на внимателност

Министерката за транспорт Синдисиве Чикунга, која го посети местото на несреќата, им изрази сочувство на семејствата на загинатите и на владата на Боцвана, додавајќи дека се истражува причината за несреќата.


Несреќата се случила на главниот мост што поврзува два рида во близина на Ммаматлакала, на околу 290 милји од Јоханесбург.

Иако Јужна Африка има една од најразвиените патни мрежи на африканскиот континент, таа исто така има ужасно досие за безбедност на патиштата. Само неколку часа пред несреќата, претседателот Кирил Рамафоса ги повика Јужноафриканците да внимаваат кога патуваат за време на Велигденската недела.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести