Осум загинати во поплава во Њујорк и Њу Џерси, повикувале 911 пред да се удават
Најмалку осум лица загинаа во поплавите предизвикани од рекордните врнежи во Њујорк и Њу Џерси.
Имено, остатоците од ураганот Ида, кој викендов ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количини дожд и поројни поплави.
Меѓу осумтемина загинати во поплавите во има и двегодишно дете, пренесува Си-Ен-Ен.
Меѓу другите жртви е 48-годишна жена, чие тело го пронашла полицијата во поплавениот стан во Квинс, откако повикала итна помош и побарала помош.
Телата на две други жртви-45-годишна жена и 22-годишен маж-беа пронајдени исто така во Квинс.
Телото на двегодишно дете е пронајдено во стан на улицата 64 заедно со телата на 50-годишен маж и 48-годишна жена. И тие претходно се јавиле на 911 и побарале помош поради поплавување на областа во која живееле.
Во Бруклин, полицијата го пронајде телото на 66-годишен маж во неговиот дом на авенијата Риџвуд.
Сите жртви се пронајдени во текот на ноќта, помеѓу 22 часот и полноќ.
