Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осум војници загинаа во пад на хеликоптер во Авганистан

Осум војници загинаа во пад на хеликоптер во Авганистан

Голема загуба претрпе авганистанската армија откако воен хеликоптер бил срушен во Баглан провинцијата за време на рутинска мисија за снабдување на воената база во Данд Гори. При падот загинале тројца членови на персоналот на хеликоптерот и петмина војници.

Армискиот портпарол Давлат Вазири посочи дека несреќата е резултат на технички проблем со хеликоптерот и ги демантираше сите шпекулации дека зад рушењето стојат талибанските бунтовници. 

Анонимни извори на војската пак, од терен соопштуваат сосема друга приказна која оди во прилог на Талибанците дека хеликоптерот е срушен од земја, најверојатно со рачна ракета, но не смеат да се откријат во јавност.


Слично

Поврзани вести