ОСУМ УНИКАТНИ ИДЕИ: Светските архитекти со проект решенија за реставрација на „Нотр Дам“
Студија за
архитектура од целиот свет ги публикуваат онлајн своите предлози и визии за тоа
како треба да се реставрира готската катедрала.
Пожарот кој нанесе огромни штети на најпознатата готска катедрала во светот „Нотр дам“ претставува огромна можност за архитектите од целиот свет да работат на нејзина реставрација.
Осум идејни решенија од светски архитекти веќе се објавија на социјалните мрежи, нивните проекти навистина изгледаат неверојатно и уникатно.
Познатиот британски архитект Норман Фостер на својот твитер профил ја објави неговата визија за новиот изглед на катедралата. Ако оваа задача му ја доделат нему тој би ставил целосен стаклен покрив, за да влегува светлина во Катедралата, но со тоа тој предвидува и во црквата да има платформа од која ќе може да се набљудува Париз.
Notre-Dame competition an extraordinary opportunity, says Norman Foster. https://t.co/uQxmDZgHbz pic.twitter.com/FPpQgUmckF
— Royal Fine Art (@RoyalFineArt) April 20, 2019
„Конкурсот за реставрација на катедралата е уникатна можност. Секоја нејзина реставрација е правена според модерни технологии. Оригиналната дрвена конструкција од XII век е заменета со метал во XIX век“, изјавил Фостер за британски медиум.
Друг предлог за модерна реставрација на „Нотр дам“ доставиле од студио за архитектура од Бразил.
Архитектот Александар Фантози пак за неговата визија за модерна реставрација на готска катедрала на својот инстаграм профил напиша:

„Нашиот предлог за реставрација на катедралата „Нотр Дам“ е да се користи еден елемент кој го има најдобро, витражот. Целиот покрив во витраж, вклучувајќи ја и кулата. Во готиката постои поврзување на земјата со небото, а внатре во катедралата, природното осветлување се множи во бои преку филтерот на капакот во витраж. Навечер внатрешното осветлување се претвора во грандиозно ретро позадинско осветлување. Кога се користи витраж нема нови архитектонски карактеристики, нема елементи за интервенција, односно за редизајн, нема его, нема уметнички аспирации. Само религиозна цел!“, напишал Фантози на својот инстаграм профил.
Француското студио за архитектура „Годар+Расел“ предлагаат целосен стаклен покрив, изграден со модерна технологија, но идејата за кулата кај нив е сосема различна. Тие предлагаат кулата да биде реставрирана минимално, да ја има истата висина од претходно и да ја задржи истата форма.

„Сакаме да го воздигнеме она кое со векови ја красело Катедралата, но за час изчезна во пожарот“ пишуваат на својот инстаграм профил од француското студио.
Англиско-фрацускиот уметник и архитект Дејвид Деру предлага модерна варијанта на оригиналниот вид на Катедралата.

Неговиот проект за покривот на катедралата е скоро со иста форма како оригиналот но со поедноставени линии. „Проектот треба да биде баланс помеѓу старата и модерната архитектура“ додава Деру.
Уште едно француско студио за архитектура предлага свој проект, можеби овој проект е и еден од најрадикалните за реставрација на катедралата. Нивната идеа е покривот да стане оранжерија.
Целта им е катедралата да биде целосно интегрирана макисимално во животот на Париз и истата да биде искористена од Парижани на секој можен начин.
Studio NAB imagines an educational greenhouse on the roof of Notre Dame#design
— Massimiliano Barci (@ilbarci) April 29, 2019
https://t.co/kffD9uv0cN pic.twitter.com/vYkpQFPyf9
Кулата на црквата според овој проект е планирано да се претвори во пчеларник, кадешто ќе се одгледуваат големи колонии на пчели.
И Италјанците Масимилиано и Дориана Фуксас предлагаат стаклен покрив но изработен според класичната готска традиција. Кулата во нивниот проект изгледа како голем кристал. Во нивниот проект е замислено кулата да биде целосно осветлена за да биде видлива од далеку.
Студио за архитектура од Словачка предлага многу едноставен но впечатлив проект за реставрација на „Нотр дам“.

Покривот и кулата во проектот се реставрираат минималистички, но на врвот од кулата според проектот е поставен проектор кој визуелно ја издолжува кулата до небото.
Рускиот архитект Александар Неровња предлага комбинација меѓу старо и ново. Покривот на катедралата да биде изработен целосно од стакло и да ги следат формите на оригиналот, но со поедноставен модерен дизајн. Кулата во неговиот предлог проект е копија на оригиналот но изработена со модерни материјали.

„Нотр дам“ никогаш нема да биде иста колку и да се трудиме. Тогаш зошто да не ги искористиме нашите знаења и да ја направиме подобра, напишал Неровња.
