OСУМ ДЕЦА СЕ ЗАРОБЕНИ НА ВИСИНА ОД 400 МЕТРИ, ПУКНАЛА САЈЛА НА ЖИЦАРНИЦАТА: Оделе во училиште, во тек е спасувачка акција
Во Пакистан во тек е итна операција за спасување на осум
деца и двајца возрасни заробени во жичара која виси на 365 метри над планинска
област на северозапад од земјата.
Децата патувале кон училиште во провинцијата Хајбер Пахтунхва, но една од сајлите се скинала во 9 часот наутро по локално време, изјави портпаролот на спасувачката служба Билал Ахмад Фаизи.
Танвер Ур Реман, локален официјален претставник на областа Батаграм, рече дека спасувачките напори се изведуваат од земја поради висината на системот на жичарницата. „Спасувањето е невозможно без хеликоптер, а потребни се искусни спасувачки службеници за да се одвива непречено спасувањето“, рече тој и апелираше за помош.
Eight children going to school via chairlift in battagram - Pakistan have been stuck midair since 6:00 AM
— Discover Pakistan | پاکستان (@PakistanNature) August 22, 2023
The age of kids are between 10-12 with one adult. #Pakistan #Battagram
pic.twitter.com/FjP2M2YOkZ
На социјалните мрежи се шират снимки на кои се гледа затворена кабина во која, а според локалните медиуми и властите, има осум деца и двајца возрасни. Државната управа за управување со катастрофи побарала помош од хеликоптер за спасување на заглавени патници, се вели во соопштението, пренесува Си-Ен-Ен.
Жичницата поврзува две населени места во регионот и се движи по две сајли, од кои едната денеска пукнала.
Привремениот пакистански премиер Анвар-ул-Хак Какар нареди итно затворање на сите застарени жичарници, се вели во соопштението од неговата канцеларија.
Многу деца кои живеат во оддалечените и планински делови на Кајбер Пахтунхва се потпираат на жичарници за да ги превезат до и од училиште. Некои од нив немаат редовно одржување и можат да бидат ризична форма на патување.
