Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осум членки на ЕУ бараат итни разговори за членство на Украина

Осум членки на ЕУ бараат итни разговори за членство на Украина

Претседателите на осум членки на ЕУ побараа итни разговори за членство на Украина. 

Станува збор за држави од централна и источна Европа кои денеска ги повикаа земјите-членки на Европската унија веднаш да и дадат на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ и да започнат преговори за членство се наведува во отвореното писмо објавено во понеделникот, јавува агенцијата Ројтерс.

„Ние, претседателите на земјите-членки на ЕУ: Република Бугарија, Чешката Република, Република Естонија, Република Латвија, Република Литванија, Република Полска, Република Словачка и Република Словенија силно веруваме дека Украина заслужува да добие итна перспектива за пристап во ЕУ“, се наведува во писмото.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша официјално барање Украина да се приклучи на Европската унија. Зеленски побара од унијата да и дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура, затоа што таа се брани од инвазија на руските сили.

За пристапување на Украина во Европската унија потребна е согласност од сите земји-членки, а некои од нив имаат различни ставови, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. 

Слично

Поврзани вести