Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСУДИ ОД СИТЕ СТРАНИ: Експлозијата во Северна Кореја помоќна од онаа во Хирошима

ОСУДИ ОД СИТЕ СТРАНИ: Експлозијата во Северна Кореја помоќна од онаа во Хирошима

Јачината на потресот од најновиот нуклеарен тест во Северна Кореја е околу 5,8 степени по Рихтеровата скала, а експлозијата е скоро осумпати помоќна од таа во Хирошима. 

Ова денеска го објави геолошката организација НОРСАР.

Велат дека ако се суди по сеизмичките последици, моќноста на експлозијата во Северна Кореја била околу 120 килотони еквивалент на ТНТ. Атомската бомба фрлена врз Хирошима во август 1945 година била со моќност од 15 килотони.

НОРСАР анализира земјотреси и нуклеарни експлозии. 

Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави денеска дека нуклеарната проба на Северна Кореја е „непријателска и опасна“ за САД.

„Северна Кореја изврши голема нуклеарна проба. Нивните зборови и акции продолжуваат да бидат многу непријателски и опасни за САД. Северна Кореја е одметничка нација и стана голема закана и срамота за Кина која се обидува да помогне, но мали успеси“- напиша Трамп на Твитер.

Францускиот претседател, Емануел Макрон побара многу силен одговор од меѓународната заедница за како што вели последната провокација од Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести