Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСУДЕН Е НА 22 И ПОЛ ГОДИНИ, НО МОЖЕ ДА ИЗЛЕЗЕ И ЗА 15 - полицаецот што го уби Џорџ Флојд ја доби пресудата

ОСУДЕН Е НА 22 И ПОЛ ГОДИНИ, НО МОЖЕ ДА ИЗЛЕЗЕ И ЗА 15 - полицаецот што го уби Џорџ Флојд ја доби пресудата

Поранешниот американски полицаец Дерек Шовин, осуден за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, е осуден на 22 години и шест месеци затвор. Обвинителството побара казна од 30 години затвор.

Со добро однесување, Шовин може да биде ослободен откако ќе издржи две третини од казната, односно за 15 години. Шовин беше осуден во април за убиство на Флојд за време на апсењето во Минеаполис на 25 мај минатата година.

Тој денеска изрази сочувство до семејството на Џорџ Флојд пред судот, пред да биде изречена пресудата.

Слично

Поврзани вести