ОСТРОВ ПОЧНА ЕКСПЕРИМЕНТ: Жителите добиваат пари за строги мерки за заштита на животната средина
На малиот западноафрикански остров Принсипе беше започнат уникатен социјален експеримент. Жителите кои се согласуваат да ги почитуваат строгите правила за заштита на животната средина добиваат пари на секои три месеци.
Речиси 3.000 луѓе веќе ја примиле првата исплата, што е повеќе од 60 проценти од возрасната популација на островот. Секој учесник добил 816 евра, што е значителна сума за локалните услови.
Еден од нив е 43-годишниот земјоделски работник Кимилсон Лима, кој вели дека веднаш ќе ги инвестира парите во подобрување на условите за живот.
„Со овие пари, можеме да поставиме вистински под во куќата и да изградиме внатрешен тоалет“, рече Лима, според „Гардијан“.
Програмата ја води Фондацијата Фаја, која ги наградува жителите за почитување на еколошкиот код. Ова вклучува забрана за нелегална сеча и одговорно користење на природните ресурси.
Претседателот на автономниот регион Принсипе, Фелипе Насименто, процени дека овој проект може да донесе големи промени.
Островот Принсипе е познат по својот исклучителен биодиверзитет. Од моментот кога португалските морнари го откриле во 1471 година, се развил изолиран од африканскиот континент, на повеќе од 250 километри оддалеченост.foto Wikipedia/Rui Almeida
