Економија, финансии, бизнис

Контакт

Остри критики откако Мелони на самитот во Бали ја однела ќерка си и дадилката

Остри критики откако Мелони на самитот во Бали ја однела ќерка си и дадилката

Oстри критики има на адреса на италијанската премиерка Џорџа Мелони затоа што со себе ја носела и својата шестгодишната ќерка на самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали.

Таа се правда дека по два дена „неуморна работа“, се соочила со „неверојатната расправа“ за тоа било дали било исправно да ја поведе ќерката со себе во текот на четирите дена колку што била отсутна. Ова го напиша Мелони на Фејсбук.  Мелони на самитот допатувала со својата ќерка и нејзината дадилка.

„Мислите дека ве засега како јас ја воспитува својата ќерка?“, праша Мелони.

Мелони вели дека има право да даде сѐ од себеси за државата, а притоа својата ќерка да не ја лиши од мајка ѝ.

Џорџа Мелони инаку е прва жена премиер на Италија. Таа победи на изборите на 25 септември. 

Слично

Поврзани вести