Остин: Верувам дека украинската војска има капацитет да го oслободи Херсон
Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин изјави денеска дека украинската армија може да го ослободи Херсон.
Остин го нарече напредувањето на украинската војска „методично“ и „ефикасно“.
„Дефинитивно верувам дека украинската војска има капацитет да го направи тоа. И што е најважно, самите Украинци веруваат дека можат да го направат тоа“, пренесе Индекс.хр.
Руските сили веројатно ќе се повлечат од западниот брег на Днепар, од каде што во изминатите недели се евакуираа цивили. Сепак Москва молчи за ова тврдење на проруските сепаратисти. Украинските власти и западните аналитичари со претпазливост ги примија најавите за повлекување на руските сили од западниот брег на Днепар во окупираниот регион Херсон. Веруваат дека тоа би можела да биде замка.
Слично
