Остин вели дека украинските војници напредуваат во два града
Украинските сили напредуваат во Керсон и Харкив, вели американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Тој изјави дека украинските сили покажуваат знаци на успеси на бојното поле во две контраофанзиви и дека Соединетите Држави ќе го поддржуваат Киев во неговата битка против инвазијата на руските трупи додека е потребно.
„Сега гледаме успех во Керсон“, им рече Остин на новинарите во Прага по средбите со неговата чешка колешка Јана Чернохова.
На 8 септември, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека украинските војници ослободиле десетици населени места.
Но, на 9 септември, администраторот назначен од Русија за окупираните региони во Харков за ТВ Русија-24 кажа дека украинските власти направиле „значителна победа“ во источниот регион. Според него, ситуацијата е доста сериозна.
фото AFP
