Оставките во „Фолксваген“ продолжуваат
Продолжуваат да паѓаат оставките на топ-менаџерите во концернот „Фолксваген“, откако избувна дизел скандалот со прикривање на податоци за штетните емисии во САД. „Auto Bild“ соопшти дека функцијата ја напушта и шефот на „Шкода“ Винфрид Валанд.
На крајот на септември оваа година раководството на концернот најавило дека има планови за 58-годишниот Валанд да ја предводи структурата на „Фолксваген“ во Северна Америка. Затоа сега неговото заминување се прифаќа како изненадување.
Шефот на „Шкода“ беше поврзуван за можен наследник по оставката на Мартин Винтеркорн по дизел скандалот како претседател на одборот. Конечно сепак беше префериран екс-шефот на „Порше“ Матијас Милер. Можно е токму ова назначување да е причината за заминувањето на Валанд.
