ОСТАВКА: Шкотскиот премиер се повлече по референдумското „НЕ“ за независност
Шкотскиот премиер Алекс Салмонд, главен промотор на кампањата за независност на Шкотска, попладнево поднесе оставка на сите функции по неуспехот на референдумот за независност.
Салмонд се повлекува и од премиерската и од функцијата лидер на Шкотската национална партија.
„Загубивме на референдумот, но Шкотска и натаму може да носи политичка иницијатива. Моето време како лидер наскоро завршува, но кампањата за Шкотска продолжува, а сонот никогаш нема да умре“, вели Салмонд.
На новинарите им рекол дека морал да процени дали тој е вистинската личност да ја искористи таа прилика, па заклучил дека некој друг би бил посоодветен.
„Има многу квалификувани кандидати кои би можеле да бидат лидер“, рекол Салмонд, одбивајќи да прецизира кој би можел да го наследи во борбата за шкотска независност.
Притоа тој нагласил дека ниту една кампања не е завршена, а сите направени грешки се негови.
Слично
