Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАВКА ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА: Понта си заминува од премиерското место!

ОСТАВКА ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА: Понта си заминува од премиерското место!

Романскиот премиер Виктор Понта си поднесе оставка. Таа доаѓа по синоќешните 20-илјадити демонстрации, кои побараа тој и министерот за внатрешни работи да се повлечат. Конкретен повод беше трагедијата со пожарот во букурешкиот ноќен клуб во кој загинаа 32 лица, но граѓаните протестираат и против корупцијата на високо ниво.

Оставката на романскиот премиер доаѓа ден откако улиците на Букурешт беа опкружени од масовни протести по инцидентот во ноќен клуб, во кој загинаа 32 лица, а други 150 се повредени. Лути поради начинот на кој властите издаваат дозволи и инспекција на објектите, демонстрантите останаа до доцна во ноќта. Тие носеа транспаренти со натписи „Корупцијата убива“ и скандираа „платеници!“

Демонстрантите побараа осуда против поткупот на општински чиновници, кои допуштиле локалот да не ги почитува правилата за безбедност. Имаше и повици за оставка на владата. Протестите ги зафатија и другите големи градови како Брашов и Плоешти.

На прес-конференцијата денес премиерот на Романија, Виктор Понта објави дека поднесува оставка заедно со владата:

„Обврзан сум да се усогласам со легитимниот гнев, постоечки во општеството. Луѓето го сакаат тоа повеќе и би било грешка, ако го игнорирам тоа“.

„Не сакам и не мислам дека е фер да останат овие одговорности на градоначалници, државни секретари или министри. Подготвен сум да го преземам овој чекор, кој се чекаше од дел од општеството. Уште од денес го поставувам мандатот на премиер на масата. Нема да се откажам од борбата со моите политички непријатели, но нема да се борам со народот.

Народниот гнев и страдање не треба да се дегенерира во енергетски игри и мислам дека агресијата и вербалното насилство имаат цена, која не треба да ја прифатиме.

Се надевам дека повлекувањето на владата ќе ги задоволи очекувањата на оние кои протестираат“, изјавил Понта.

Слично

Поврзани вести