Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оставка на гувернерот на Кемерово по пожарот во трговскиот центар

Оставка на гувернерот на Кемерово по пожарот во трговскиот центар

Една недела по трагедијата од пожарот во трговскиот центар во кој загинаа 64 лица гувернерот на руската област Кемерово Аман Тулејев поднесе оставка.

„Невозможно е да останеш на позицијата гувернер со вакво бреме. Тоа би било морално погрешно“ изјави Тулејев. Тој  e гувернер уште од 1997 година.

Претходно беше уапсена Јулија Богданова, генералната директорка на кондиторската компанија во чија сопственост е трговскиот центар во Кемерово, бидејќи не презела мерки да ги реши дефектите во противпожарниот систем.Кога избил пожарот, алармниот систем бил исклучен, а безбедносните излези биле блокирани.

Пожарот изби на четвртиот спрат од трговскиот центар „Зимска вишна“ во кино сала и во детска игротека. Загинаа 64 лица, од кои  41 беа деца.

Трговскиот центар кој се простира на 23.000 квадратни метри бил отворен во 2013 година. Покрај продавниците и кино-салата, има и сала за куглање, детски центар и градина за животни.

Слично

Поврзани вести