ОСТАВКА НА ЕДЕН ОД ШЕФОВИТЕ НА ГЕРМАНСКАТА КАТОЛИЧКА ЦРКВА - се случи катастрофа со злоставувањата, мора да се понесе одговорност
Водачот на Германската бискупска конференција, кардиналот Рајнхард Маркс, понуди оставка од функцијата архиепископ, велејќи дека тој мора „да преземе одговорност за катастрофата на сексуално злоставување во свештенството“.
Неговата оставка, која папата Францис допрва треба да ја прифати, доаѓа во време на зголемен гнев кај Германците поради сексуалното злоставување извршено од свештенството, пишува Ројтерс.
Папата минатата недела испрати двајца странски епископи во Келнската архиепископија, најголемата во Германија, да испитаат како реагирала на случаите на злоупотреба.
„Морам да ја споделам одговорноста за катастрофата на сексуално злоставување во редовите на свештенството во последните години“, напиша Маркс, архиепископ во Минхен, додавајќи дека се надева дека неговото заминување ќе отвори простор за нов почеток.
Маркс исто така рече дека Францис го упатил да остане на функцијата се додека не одлучи дали ќе ја прифати неговата оставка.
Претходно оваа недела, папата ја направи најголемата ревизија на црковниот закон во последните четири децении, заострувајќи ги мерките против свештениците кои злоупотребуваат малолетни лица и прават измами.
Ревизијата, која е во тек од 2009 година и беше започната од последниот папа Бенедикт XIV, се однесува на Шестата книга од законот за канон, која се состои од 1.750 члена. Ова е најголемата ревизија на казнениот законик од 1983 година, потпишана од папата Јован Павле Втори во 1983 година.
Извор и фото: Индекс.хр
