ОСТАВИ СОПРУГА И ДВЕ ЌЕРКИ, ИМАШЕ САМО 30 ГОДИНИ - украински шампион во бокс загина бранејќи си ја државата
Олег Прудкиј, 30-годишниот украински шампион во бокс, бил убиен во напад на руските сили врз градот Черкаси во централна Украина.
Градската полиција соопшти дека тој го загубил животот со уште тројца полицајци додека бил на улица.
„На 22 мај, додека го бранеа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, беа убиени наши колеги, полицајци во Единицата за специјални операции. Нема зборови за да се опише оваа болка и загуба. Ги наведнуваме главите пред нивните родители. Во нашето сеќавање ќе останат запаметени како искрени и принципиелни луѓе, добри пријатели и колеги. Изразуваме длабоко сочувство“, се вели во соопштението на полицијата.
Смртта на двократниот шампион на Украина во бокс ја потврди и неговата сопруга Маријана. Во моментот на смртта имал 30 години, а зад себе оставил две ќерки.
