Економија, финансии, бизнис

Контакт

Остатоци од женско тело се пронајдени во питон долг 6,7 метри во Индонезија

Остатоци од женско тело се пронајдени во питон долг 6,7 метри во Индонезија

Огромен питон проголта жена во Индонезија и оваа вест ги загрижи мештаните. 

Полицијата вели дека змијата најверојатно ја каснала жената, а потоа ја задушила завиткувајќи се околу неа пред да ја проголта. Тие проценуваат дека веројатно биле потребни најмалку два часа.

Остатоци од женско тело се пронајдени во питон долг 6,7 метри во Индонезија, изјави полицијата за индонезискиот CNN. Огромната змија цела ја проголтала 54-годишната жена, идентификувана како Јахрах.

Потрагата по жената почнала откако во неделата не се вратила од плантажата во провинцијата Џамби. Нејзиниот сопруг ја пребарал областа и ги нашол само женските сандали, јакна, шал и нож, пренесува New York Post.

Сопругот утредента се вратил на истото место и налетал на огромна змија чија среден дел бил потечен, па се видело дека изела нешто големо. 

Слично

Поврзани вести