Остар пад на потрошувачката доверба во САД
Довербата на потрошувачите во САД е намалена во јануари, втор месец по ред, соопшти денеска њујоршкиот истражувачки центар Конференс борд и за таквата состојба наведе дека е виновно зголемувањето на даноците.
Индексот на потрошувачка доверба во јануари е намален на 58,6 отсто од декемвриските 66,7 поени, што е далеку под октомврискиот максимум од 73,1 поен.
- Потрошувачката доверба во јануари повторно бележи пад, со што е поништен растот остварен во 2012 година, изјави Лин Франко, директорка на Центарот.
Таа додаде дека „потрошувачите се песимистички во поглед на економските перспективи, а особено во поглед на сопствената финансиска ситуација“.
Слично
