ОСТАНУВА НА СТАВОТ ДЕКА КАНАДА ТРЕБА ДА СЕ СПОИ СО САД: Трамп објасни зошто тоа би било добро решение
Американскиот претседател Доналд Трамп објасни зошто сака да ја припои Канада кон САД.
Трамп во интервју емитувано во неделата пред Суперболот изјави дека сериозно сака Канада да стане 51-та држава на САД, пишува Тајм. Тој тврди дека е сериозен.
„Мислам дека за Канада би била многу подобро да биде 51-та земја, бидејќи со Канада губиме 200 милијарди долари годишно. И нема да дозволам тоа да се случи. Зошто плаќаме 200 милијарди долари годишно, во основа субвенција за Канада?”, рекол Трамп.
Трамп се осврна и на трошоците за одбрана на Канада, велејќи дека „тие не го плаќаат својот воен дел“.
„Канада плаќа многу малку за војската. Воопшто не се заштитени, а причината е што мислат дека ќе ги заштитиме“, вели Трамп.
Канада е една од ретките членки на НАТО која сè уште не ја постигнала целта да потроши два отсто од БДП за одбрана.
