Осомничен за убиството на Немцов се разнел со граната
Осомничен за соучество во убиството на Борис Немцов се разнел со граната во Грозни, соопшти агенцијата „Интерфакс“.
Престапникот бил блокиран од полицијата. Тој фрлил една граната кон полициските службеници, а со втората се ликвидирал себе си.
Пред тоа од полицијата во Чеченија се изјасниле дека жител на Грозни покажал отпор во катен блок. Според соопштението на МВР тој се здобил со повреди уште пред оваа граната.
Никој од полицајците не е повреден.
На 7 март под сомнение за соучесништво во убиството на Немцов се уапсени Анзор Губашев и Заур Дадаев. Според информација на Советот за безбедност на Ингушетија, Дадаев служел во баталјонот "Север" во Чеченија, а Губашев работел како телохранител во супермаркет крај Москва.
Подоцна јавноста дозна дека во случајот за убиството на Немцов се приведени уште две лица: помладиот брат на Губашев и неименуван маж, кој во моментот на убиството се наоѓал со Дадаев во автомобилот.
