Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oсновни факти за војната што секој човек треба да ги знае

Oсновни факти за војната што секој човек треба да ги знае

Војната низ историјата секогаш била дел од животите на луѓето. Таа претставува активен вооружен конфликт за територија, политички или економски интереси

- Колку време се војувало во светот?

До сега, во последните 3 400 години од кога е запишано човештвото, луѓето не војувале само 268 денови. Тоа значи дека човекот живеел во мир само 8 отсто од времето на неговото постоење на Земјата.

Колку луѓе се убиени во војни?

Најмалку 108 милиони луѓе биле убиени во војните во дваесеттиот век. Глобалната проценка за тоа колку луѓе загинале низ историјата изнесува од 150 милиони до еден билион.

Колку луѓе во светот служат војска?

Вооружени сили во светот има некаде околу 21, 3 милиони луѓе кои служат војска. Кина има најголема војска во светот од 2,4 милиони војници.

Америка е на второ место со 1,4 милиони. Индија има 1,3 милиони, Северна Кореја 1 милион, а Русија 900.000 војници.

Колку чини една војна?

Една војна како Голлфската на пример чинеше 76 билиони долари. За Виетнамската војна беа потрошени 500 билиони долари, за Корејската 336 билиони, а за Втората светска војна, земјите потрошија вкупно 3 трилиони долари.

Колку е опасна војната за цивилите?

Воените судири се многу опасни за цивилното население кое најчесто е мета во војната.

Во периодот меѓу 1900 и 1990 година во војна загинале 43 милиони војници, а биле убиени над 62 милиони цивили.

Повеќе од 34 милиони цивили загинаа во Втората светска војна. Еден милион загинале во Северна Кореја. Стотици илјади луѓе се убиени во Јужна Кореја, а 200.000 до 400.000 во Виетнам. За време на војните во 1990-тите , цивилните жртви се меѓу 75 и 90 отсто од сите смртни случаи од војната.

Како живеат цивилите за време на војна?

Тие се цел на напади, силувања и насилство. Луѓето за време на војната живеат во голема сиромаштија и глад и најчесто се протерани од нивните домови.

Колку бегалци се создаваат за време на војната?

Воените конликти предизвикуваат милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Во почетокот на 21 век 40 милиони луѓе се раселиле од своите домови поради вооружен конфликт или кршењето на човековите права. Истото се случува и денеска со сириската бегалска криза.

Слично

Поврзани вести