Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основачот на „Шарли Ебдо“ до убиениот уредник: – Ги одвлече сите во смрт!

Основачот на „Шарли Ебдо“ до убиениот уредник: – Ги одвлече сите во смрт!
Основачот на „Шарли Ебдо“ денес упати критики до убиениот уредник на сатиричниот неделник Штефан Шарбони дека го „повлекол тимот“ карикатуристи во смрт бидејќи претерал со провокациите со карикатури објавени во овој весник. Анри Русел кој учествувал во 1970 година во создавањето на првото издание на „Шарли Ебдо“ и кој тогаш се викал „Хара – Кири Ебдо“, се обрати до Шарбони со постхумни зборови. „Навистина ти замерувам за ова“, истакнува Русел во колумна објавена во левичарскиот магазин „Нувел Обс“. Русел кој има осумдесет години и кој пишува под псевдонимот „Делфијл де Тон“, истакнал дека Шарбони бил „неверојатно момче“, но претерано тврдоглав. „Зошто чуствуваше потреба да го одвлече тимот во претерување?“, прашал Русел, мислеќи на карикатурите за пророкот Мухамед кој магазинот ги објави на насловната страна во 2011 година. Во терористичкиот напад на магазинот „Шарли Ебдо“ во средата минатата недела, двајца вооружени исламисти, браќата Саид и Шериф Куаши, убија 12 лица, вклучувајќи и некои од најпознатите карикатуристи во Франција, додека 11 лица беа ранети.
Слично

Поврзани вести