Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основачите на Snapchat ја одбија понудата од Facebook од три милијарди долари

Основачите на Snapchat ја одбија понудата од Facebook од три милијарди долари
Еван Шпигел ко-основачот и извршен директор на Snapchat (апликација за праќање на самоуништувачки пораки) ја одби покната на Facebook од три милијарди долари за нејзино превземање. Како што објави The Wall Street Jurnal, Шпигел и неговиот партнер 25-годишниот Боби Марфи ,одбиле да станат милијардери. Доколку прифателе, тоа би било најскапото купување на Фејсбук на друга фирма. Минатата година Фејсбук за да го превземе Инстаграм плати милијарда долари. Всушност, основачот на Фејсбук, Марк Цукенберг имал голем интерес да го превземе Snapchat, апликација која најчесто ја користат младите. Преку оваа апликација се праќаат пораки кои на екранот на примателот ќе се прикажат неколку секунди, а потоа исчезнуваат. На Шпигел му биле понудени најпрво милијарда долари , а потоа неколку месеци подоцна  , сумата стигнала до три милијарди. Но Шпигел и неговиот партнер не сакале така лесно да ја предадат нивната фирма, верувајќи дека Snapchat би можела да вреди многу повеќе наредните години. Неодмнешното истражување покажало дека во  САД,  девет посто од  корисниците на „паметни‘‘ телефони користат Snapchat , а 26 посто од корисниците се на возраст од 18 до 29 години.  Апликацијата е исто така многу користена и од тинејџерите.  
Слично

Поврзани вести