Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осмиот авион со американска воена помош пристигна во Украина

Осмиот авион со американска воена помош пристигна во Украина

Осми авион со американска воена помош пристигна во Украина - овој пат пратката содржи 86 тони муниција, објави Укринформ.

„Осмата птица пристигна во Киев! Тежината на денешниот товар со муниција за нашите вооружени сили е 86 тони!“ – напиша на Твитер министерот за одбрана на Украина – Алексеј Резников.

Тој потсети дека од 22 јануари САД испратиле повеќе од 650 тони муниција во Украина за одбрана на земјата.

Седмиот авион поддржан од САД пристигна во Украина на 3-ти февруари. На воздухопловот имало 85 тони глави за фрлачи на гранати.


Слично

Поврзани вести