Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМИ ДЕН ВОЈНА: Детонации одекнаа во Киев, падна првиот голем украински град, се чекаат новите преговори

ОСМИ ДЕН ВОЈНА: Детонации одекнаа во Киев, падна првиот голем украински град, се чекаат новите преговори

Денеска е осми ден од руската инвазија на Украина. Денеска се очекува да се одржи нова рунда преговори меѓу Русија и Украина. Градот Херсон вчера падна во рацете на руската армија. Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се осудува руската агресија врз Украина.

НАЈВАЖНО ШТО ЗНАЕМЕ ДОСЕГА:

-Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство ја осуди руската агресија врз Украина

-Херсон стана првиот голем украински град што падна

-Се очекува нова рунда преговори меѓу Русија и Украина во Белорусија

-Меѓународниот кривичен суд официјално започна истрага за воените злосторства во Украина

-Америка најави нови санкции против Русија и Белорусија

-Бројот на цивилни жртви е повеќе од 220

-Киев е под силно гранатирање додека руските сили ја засилуваат својата офанзива и се приближуваат до главниот град во обид да го опколат.

-Мариупол е речиси опкружен

-Жестоки битки и за Харков

07:25 – Волстрит нагло порасна

Акциите на Волстрит нагло пораснаа во средата, откако паднаа два дена, бидејќи претседателот на ФЕД сигнализираше дека централната банка најверојатно ќе ги зголеми каматните стапки поблаго од очекуваното.

СЗО: Денеска пристигнува првата пратка помош

Првата пратка медицинска помош за Украина денеска ќе пристигне во Полска, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).Генералниот директор на СЗО Тедрос Адана Гебрејесус на брифинг со новинарите во Женева, пренесува Ројтерс.

07:15 - САД до Путин: Престанете со ова крвопролевање

Американскиот Стејт департмент го повика рускиот претседател Владимир Путин „веднаш да го запре ова крвопролевање и да ги повлече војниците од украинската територија“.

Во соопштението на САД, исто така, се обвини Русија дека извршила „целосен напад врз слободата и вистината на медиумите, блокирајќи го пристапот до независните вести, спречувајќи ги да емитуваат информации за инвазијата“.

07:09 - Силни експлозии во Киев и други градови

Во текот на ноќта и утрото во Киев и во други украински градови се слушнаа силни експлозии.

Најмалку четири силни експлозии го осветлија небото над Киев околу три часот по локално време, што може да се види на видеото на еден од жителите на главниот град на Украина.

Според Би-Би-Си, сѐ уште не е познато која била целта на нападот и дали има повредени.

07:05 - „Милион луѓе избегаа од Украина“

Повеќе од еден милион луѓе ја напуштија Украина откако руските сили ја нападнаа земјата минатата недела, изјави Филипо Гранди, шеф на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци.

„За само седум дена, бевме сведоци на егзодусот на милион бегалци од Украина во соседните земји. За уште многу милиони, во Украина, време е оружјето да замолчи за да може да се обезбеди спасувачка хуманитарна помош“, тој напишал.дека ова е најбрзиот егзодус во овој век.

07:02 - Херсон падна во руски рацеХерсон падна во рацете на руската армија, со што стана првиот голем украински град кој се најде под руска контрола по минатонеделната инвазија.Градоначалникот Игор Колихаев изјави дека денеска се сретнал со рускиот командант кој планира да формира воена управа во тој град.


ФОТО: ЕПА

Слично

Поврзани вести