Ослободени шпански новинари заробени во Сирија
Тројца шпански новинари, кои пред 10 месеци беа грабнати во Сирија од каде известувале, се ослободени.
Пред неколку часа се ослободени шпанските новинари Хосе Мануел Лопес, Анхел Састре и Антонио Памплиега, кои беа киднапирани во Aлепо, во северниот дел на Сирија, соопшти портпаролката на шпанската влада. Новинарите работеле за различни шпански медиуми, вклучувајќи ги дневните весници „Бесе“ и “Расон“, телевизијата „Кватро“ и радиото „Онда Серо“. Тие се ослободени под влијание на Турција, Катар и други пријатели и сојузници, наведуваат од шпанската влада. Новинарите се во Турција, од каде ќе заминат во својата земја. За нивното исчезнување во Сирија информираше Здружението на новинари во земјата.
Слично
