Ослободени Италијанките киднапирани во Сирија
Двете италијански хуманитарни работнички, кои беа киднапирани во Сирија пред повеќе од четири месеци, се ослободени, соопшти денеска италијанската влада.
„Ванеса Марзуло и Грета Рамели се ослободени и наскоро ќе се вратат во Италија“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Матео Ренци.
Двете млади жени биле грабнати додека работеле на хуманитарен проект во северниот град Алепо.
На почетокот од месецов беше објавена снимка на која тие побараа от владата во Рим да го обезбеди нивното ослободување.
Слично
