Oштетил 500 вакцини затоа што тие се „ѓаволска работа“
Три години затвор доби фармацевт од САД кој намерно уништувал вакцини.
Фармацевтот на болницата во американската држава Висконсин, Стивен Бранденбург (46), кој намерно оштети повеќе од 500 вакцини на компанијата Модерна, е осуден. Тој е должен на болницата да исплати 83.800 долари. Осудениот фармацевт призна дека е приврзаник на теориите на заговор и дека е убеден дека вакцините се „ ѓаволска работа“. Утврдено е дека Бранденбург тајно го оштетил физиолошкиот раствор за производство на вакцини против грип, како и дека убедил неколку колеги да го сторат истото, пренесе АП.foto freepik
Слично
