ОШТЕТЕНИ СЕ 16 КУЌИ: Во Белгород има ранети цивили
Гувернерот Вјачеслав Гладков соопшти дека шест руски цивили се ранети од шрапнели во гранатирање на пограничната Белгородска област.
Тој изјави дека шест цивили во селото Уразово се повредени од шрапнели, а еден маж е во критична состојба. Во нападот се оштетени 16 куќи, јавни и спортски објекти, два деловни објекти, четири автомобили, а искинат е и далновод.
Руските медiуми пренесуваат дека украинските вооружени сили на Украина денеска се обиделе и со дрон да го нападнат Белгород. Медиумите пишуваат дека областите што граничат со Украина, речиси секој ден се цел на гранатирања и напади со беспилотни летала. И во Москва денеска е соборен украински дрон. И руската престолнина нема мир од украински дронови. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари, а Украина не планира да отстапи територии на Русија.
