Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оштетена брана принуди на евакуација цел град

Оштетена брана принуди на евакуација цел град

Граѓаните од градот Вејли Бриџ се евакуирани поради „сериозна закана по нивните животи“ поради оштетена брана од обилните дождови.

Британската полиција нареди евакуација на градот Вејли Бриџ, кој се наоѓа на 280 километри од Лондон поради стравување дека оштетената брана може да се урне.

Градот Вејли Бриџ брои околу 6.500 жители и се наоѓа во северозападна Англија.

Хеликоптер на британското кралско воено воздухопловство фрла вреќи со песок за да го зајакне ѕидот на резервоарот Тодбрук од 19 век, а се користат и пумпи за намалување на нивото на водата во браната.

Слично

Поврзани вести