Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОШТЕТЕН Е ТАНКЕР ОД „ЦРНАТА“ ФЛОТА НА ПУТИН: Кој е ризикот сега?

ОШТЕТЕН Е ТАНКЕР ОД „ЦРНАТА“ ФЛОТА НА ПУТИН:  Кој е ризикот сега?

Властите во Финска соопштија дека се подготвуваат за потенцијално излевање на нафта во Финскиот залив, откако руските власти пријавија експлозија на танкер во северозападниот дел на Ленинград. Танкерот „Коала“ беше натоварен со 130.000 тони мазут што веднаш предизвика загриженост за еколошки инцидент во Финскиот залив, пишува МоскваТајмс.

„Внимателно ги следиме вестите за оштетениот нафтен танкер во пристаништето Лаукаансуу“, напиша финскиот премиер Петри Орпо на социјалните мрежи во неделата, користејќи го финското име на руското пристаниште Уст-Луга на Финскиот залив.

Taнкерот „Коала“ е дел од таканеречената „црна флота“ на пловила со кои Москва ги заобиколува американските санкции за руската нафта.

Според руската Федерална агенција за морски и внатрешен воден транспорт (Росморехфлот) во неделата наутро, експлозијата се случила во моторниот простор на танкерот за нафта Коала во пристаништето Уст-Луга, западно од Санкт Петербург.

Екипажот го евакуираше бродот, кој е изграден во 2003 година и плови под знамето на Антигва и Барбуда, соопшти Росморрекфлот.

Слично

Поврзани вести