Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОШТЕТЕН Е ГАСОВОД: Украина почна нова офанзива во регионот Курск во Русија

ОШТЕТЕН Е ГАСОВОД: Украина почна нова офанзива во регионот Курск во Русија

Украина почна нова офанзива во регионот Курск во Русија, каде упаднаа лани на 6 август. 

Како што објавија Z-дописниците, украинските вооружени сили извршиле напад југоисточно од Суџа во правец на населбите Фанасеевка и Уланок. 

„Како резултат на борбите во областа Рилски, оштетен е гасовод“, изјави гувернерот на областа Курск, Александар Хинштајн. 

Вели дека избувнал пожар и морало да се исклучи гасоводот, поради што две населени места останале без гас.

Руските трупи ја загубија контролата над Черкаска Конопелка, пишува „Рибар“. Украинската офанзива почна „како гром од ведро небо“.

Операцијата почна со деминирање на териториите, кое почна „во раните утрински часови“, по што „оклопните групи на вооружените сили на Украина тргнаа во офанзива од Махновка, заобиколувајќи ја Черкаска Конопелка од крилото и тргнаа кон Уланок“, пишуваат „Воените дописници на руската пролет“. Каналот „Записи на ветеранот “ ги проценува единиците што напредуваат на 500 луѓе и 50 оклопни возила.

Украинците на 6 август 2024 година упаднаа во Курск, по што рускиот претседател Владимир Путин нареди армијата да ги исфрли до 1 октомври, но тоа не се случи. Потоа медиумите пишуваа дека руската армија сака да го ослободи Курск до 20 јануари годинава, до инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп,  но и тоа не се случи и на 24 месецов, ќе се навршат 3 години од почетокот на војната. 

Слично

Поврзани вести