Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСАМЕН МИЛИОНЕР БАРА ЛУЃЕ КОИ ЌЕ ЖИВЕАТ НА РАЈСКИ ИМОТ: Еве што нуди Карл Рајпен

ОСАМЕН МИЛИОНЕР БАРА ЛУЃЕ КОИ ЌЕ ЖИВЕАТ НА РАЈСКИ ИМОТ: Еве што нуди Карл Рајпен

Германскиот милионер Карл Рајпен трага за десет луѓе кои би живееле со него на неговиот имот на Нов Зеланд, кој тој го опишува како рај на Земјата.

Откако со години таму живеел сам, почнало да му недостига друштво. Рајпен, кој своето богатство го стекнал со продажба на конзервирано ледено кафе, веќе двапати во последните седум објавил оглас во локални весници во кои бара наведени луѓе.


На неговиот имот во Нов Зеланд, вреден 8,5 милиони долари, се наоѓаат штала, винарија и затворена арена, а целосниот посед е сместен на западниот брег на оваа држава.


-Би можеле да живеат во куќите за две лица и да ја делат прекрасната винарија за состаноци и ручек. Можете да уживате во прошетки, риболов, шопинг, возење со кајак, набљудување на птиците, пливање и гледање прекрасни животни-рекол Рајпен.

Тој ги повикал сите до 70 години да се пријават и додал дека се добредојдени и оние кои имаат сопствени коњи.

-Доколку сте заинтересирани да живеете со група интересни луѓе, тоа за вас може да биде нешто сосема ново-додава Рајпен во рекламата.

Извор/Фото: “Дејлиентертеинмент“.

Слично

Поврзани вести