Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРУЖЈЕТО СТИГА ПРЕКУ ПОЛСКА: САД продолжија со испораката за Украина

ОРУЖЈЕТО СТИГА ПРЕКУ ПОЛСКА: САД продолжија со испораката за Украина

САД продолжија со испораката на оружје за Украина.

Испораките на оружје од САД за Украина продолжија денеска, еден ден откако администрацијата на aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја укина суспензијата на воената помош за Киев во борбата против руската инвазија.

Од Кремљ соопштија дека е важно да не се брза со одговорот на Русија на предлогот за прекин на огнот, објавија светските медиуми. Испораките на оружје за Украина продолжија преку полскиот логистички центар. Ова го потврдија Украина и Полска.

Испораките одат преку центар на НАТО и САД во источниот полски град Жешов. 

Претходно, САД ја прекина воената помош за Украина. Во Џеда во Саудиска Арабија вчера Украина се согласи за примирје и сега се чека конечен одговор од руските власти. 

Инаку, како што кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски, Украина не планира да ги признае окупираните територии како руски. 

Слично

Поврзани вести