ОРУЖЈЕТО НЕ МИРУВА: Зеленски соопшти колку напади и гранатирања извршила Русија
На фронтот во Украина, нема мир и за празник. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија на Велигден извршила 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина. Ова е состојбата до 16 часот, според извештајот на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.
Зеленски на социјалните мрежи напиша дека денеска руските сили употребиле 400 дронови за напади врз Украина. Украинскиот претседател изјави дека руските сили го прекршиле велигденскиот прекин на огнот во регионот на Доњецк и во областа Курск во Русија. Рускиот претседател претходно најави прекин на огнот за Велигден, но според украинската страна тој тоа не го почитува.
„Велигденското примирје истекува следната ноќ на полноќ, а рускиот претседател Владимир Путин не дал никаква наредба за негово продолжување“, изјави за ТАСС портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог синоќа изјави дека Украина нема да влезе во НАТО, а постојат други можности кои би можеле да се применат.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
