Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРУЖЈЕ ВО УЧИЛИШТЕ: Наставници ќе можат да носат оружје на своето работно место

ОРУЖЈЕ ВО УЧИЛИШТЕ: Наставници ќе можат да носат оружје на своето работно место

Наставниците во Флорида ќе може да носат оружје на своето работно место. 

Пратеничкиот дом на оваа американска држава го усвои законот како мерка за да се спречат немили настани, како смртоносното пукање во средно училиште во Флорида кое се случи минатата година.

Учителите кои ќе сакат да носат оружје во училниците ќе мора да поминат обука со полиција и психолошка проценка.

Законот помина во пратеничкиот дом со 65 гласа ЗА и 47 гласа против.

Се очекува републиканскиот гувернер Рон де Сантис да го потпише предлог законот. Новата мерка ќе им овозможи на училиштата да учествуваат во волонтерската програма „Гардијан“ со која ќе може да им се дозволи оружје на оние наставници, кои ќе поминат обука од 144 часа и ако тоа го одобрат нивните локални училишни одбори.

Минатата година во училиште во Паркленд, поранешен ученик влегов вооружен со полуавтоматска пушка и почнал да пука, при што убил 17 и ранил 17 луѓе.

Слично

Поврзани вести