Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ормутскиот теснец е отворен за Русија?

Ормутскиот теснец е отворен за Русија?

Руските власти велат дека нивни танкери можат да поминуваат низ Ормутскиот теснец. 

„Ормутскиот теснец е отворен за Русија“, изјави денеска помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Ушаков изјави за порталот „Вести“ дека ситуацијата со Иран е сериозна. Трамп најави силни напади врз Иран синоќа во следните две до три недели. Тој тврдеше дека САД се блиску до остварување на своите цели во Иран. САД и Израел почнаа напади врз Иран, вклучително и Техеран, на 28 февруари. Иран возврати со напади врз израелска територија, како и врз американски воени објекти на Блискиот Исток. Конфликтот доведе до блокада на Ормутскиот теснец, еден од клучните поморски патишта во светот за транспорт на нафта и течен природен гас од Персискиот Залив, што значително влијаеше врз извозот и производството на енергетски производи.

Слично

Поврзани вести