Орлов осум дена не бил во контакт со родителите и братот и не знае дали се живи
Осум дена не бил во контакт со родителите и братот и не знае дали се живи. Ова го вели заменик-градоначалникот на Мариупол Сергеј Орлов. Тој за Sky News изјави дека украинската армија е многу силна и храбра и може да ја брани Украина. Toj се надева дека ќе успее.
Вели дека армијата ќе се бори до последниот куршум за да го заштити Мариупол. Орлов кажа дека Украина нема оружје за да го заштити својот народ од воздушни напади.
„Осум различни авиони го бомбардираа градот и го срамнија со земја во текот на ноќта. Целосно ја уништија нашата најголема фабрика за челик, таа повеќе не постои, ги уништуваат сите згради околу неа, ни треба повеќе оружје за да ги заштитиме нашите жени, нашите деца, возрасните, од воздушни напади“, рече Орлов.Веќе 16 дена се војува во Украина, откако Русија на 24 минатиот месец ја почна инвазијата на Украина.
foto Printskrin
Слично
