Економија, финансии, бизнис

Контакт

Организација за забрана на хемиското оружје – добитник на Нобеловата награда за мир 2013

Организација за забрана на хемиското оружје – добитник на Нобеловата награда за мир 2013
Годинешната Нобеловата награда за мир ја доби Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), која го надгледува уништувањето на сирискиот хемиски арсенал и опрема. Вака денеска соопшти Комитетот за Нобелова награда во Осло. Експертите од Организацијата под ингеренции на Обединетите нации имаат за цел да помогнат во уништување на хемиското оружје во Сирија. Ваквата одлуката беше е неочекувана, но е директно врзана со последните случувања и започнатото уништување на хемиско оружје во Сирија. Како главен фаворит за наградата изминативе денови се споменуваше 16-годишното девојче од Пакистан,  Малала Јусафзаи, која преживеа атентат од талибанците, но продолжува да се бори за правата на девојчињата и жените на образование во Пакистан. Годинава номинирани беа рекордни 259 личности и организации. Минатогодишен добитник на Нобеловата награда за мир беше Европската унија.
Слично

Поврзани вести