Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРБАН: Во тек се подготовки за средба меѓу Трамп и Путин

ОРБАН: Во тек се подготовки за средба меѓу Трамп и Путин

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се во тек подготовки за средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина.

- Тукушто го завршив телефонскиот разговор со претседателот Доналд Трамп. Подготовките за мировниот самит САД-Русија се во тек. Унгарија е остров на мирот! - напиша Орбан на платформата X.

Во интервју за Радио Кошут утрово, Орбан објави дека ќе денеска разговара и со Путин.

- Мировниот самит во Будимпешта би можел да се одржи во рок од две недели - рече унгарскиот премиер.

Според него, Унгарија е единствената земја каде што можат да се одржат преговори меѓу претседателите на САД и Русија.

- Тие бараа предвидлива средина - прецизираше тој.

Трамп вчера изјави дека Унгарија треба да се подготви на таков начин што состанок на министрите за надворешни работи е закажан за една недела, а претседателите би можеле да се сретнат во Будимпешта една недела потоа.

Орбан изјави дека уште вчера дал упатства за формирање на организациски комитет и дека работата на него е започната.

Тој рече дека Европската Унија не преговара со Путин, дури ни како „помагачи на Доналд Трамп“, иако, како што изјави, „Европа треба да го следи својот дипломатски пат и да отвори независен канал Русија-ЕУ“.

За време на вчерашниот телефонски разговор  Трамп и Путин се согласија за состанок на високо ниво на нивните делегации, по што двајцата треба да се сретнат во Будимпешта.

- Претседателот Путин и јас ќе се сретнеме на договорена локација во Будимпешта за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа неславна војна меѓу Русија и Украина - напиша Трамп на својот профил на Truth Social.

Тој изјави дека тој и Путин имале долга дискусија за трговијата меѓу Русија и САД откако ќе заврши војната со Украина.

Тој истакна дека Путин честитал за „големото достигнување на мирот“ на Блискиот Исток, за кое „сонувале со векови“.

- Навистина верувам дека успехот на Блискиот Исток ќе помогне во нашите преговори за завршување на војната меѓу Русија и Украина - рече американскиот претседател.


Слично

Поврзани вести