Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбан: Унгарија покажа дека може и без ММФ

Орбан: Унгарија покажа дека може и без ММФ
Најновото издавање на унгарски државни обврзници во долари е доказ дека земјата може да живее и без помош од Меѓународниот монетарен фонд, изјави за државното радио премиерот Виктор Орбан. Унгарија во вторникот собра 3,25 милијарди долари преку издавање на обврзници на меѓународните пазари на капитал со рок на отплата од пет до десет години, пренесоа унгарските медиуми. Две милијарди долари собрани се од продажба на 10-годишни обврзници со камата од 5,375 отсто, а останатите 5-годишни обврзници со камата од 4,125 отсто.Премиерот Орбан, за последното пуштање во промет на унгарски обврзници вели дека тоа е доказ за високата доверба во унгарската економија на инвеститорите. „Пуштањето на вакви обврзници од една држава која привлекува шест пати поголем износ на понудата во никој случај, не може да се нарече „ѓубре ". Никој не би застана во редот за „ѓубре“, рече Орбан. Унгарија се сврте кон задолжување на меѓународните пазари на капитал откако Будимпешта не успеа да постигне договор за флексибилен кредит од ММФ . Запрашан за преговорите со ММФ, Орбан изјави: „Ние ќе бевме задоволни ако успеевме да  постигнеме договор, но досега тоа не ни појде од рака.“  
Слично

Поврзани вести